Пакување

ДАНИВО ДООЕЛ Вкусен ориз, Кочани

Споделете компанија
ДАНИВО ДООЕЛ
0 (0 мислења) | НАПИШЕТЕ ПРЕГЛЕД
Горни Подлог 2300, Кочани
Моментално отворено: 08:00-16:00h
веб страна

ПРАШАЊА

Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.

Испрати барање

Работно време

  • понеделник
    08:00-16:00h
  • вторник
    08:00-16:00h
  • среда
    08:00-16:00h
  • четврток
    08:00-16:00h
  • петок
    08:00-16:00h
  • сабота
    08:00-13:00h
  • недела
    /

За компанијата

ДАНИВО ДООЕЛ практично претставува поим за вкусен ориз. Фирмата постои од 2000 година и се занимава со производство и преработка на ориз и други житарици, како и со производство на семенски материјали. ДАНИВО обработува 123 хектари државно земјиште, коешто е добиено под концесија, во согласност со договорот за користење за период од 30 години.

Вкусенориз,Кочани

Вкусен ориз, Кочани

ДАНИВО ДООЕЛ произведува ориз на површина од 70 хектари и е една од најголемите производители на оризова арпа во Македонија. Просечното годишно производство на оризова арпа изнесува околу 700.000 килограми, од кои добиваме 350.000 килограми бел вкусен ориз.

Покрај сопственото производство ДАНИВО ДООЕЛ годишно откупува околу 6.000.000 килограми оризова арпа од индивудалните производители и ја преработува во својата фабрика лоцирана во Горни Подлог, близу Кочани. Капацитетот на фабриката во Горни Подлог е преработка на 1.200.000 килограми оризова арпа месечно и во неа работат добро обучени, професионални работници.

Од самата обработка на земјиштето, до производството на ориз ДАНИВО води посебна грижа за заштитата од загадување, што претставува еден од основните услови за добивање еколошки здрави производи.

ДАНИВО поседува модерна земјоделска механизација за обработка на земјиштето и магацински простор за складирање на оризовата арпа и белиот ориз. Исто така, имаме возен парк за дистрибуција на готовите производи.

Вкусен ориз

Од самата обработка на земјиштетото, до производството на вкусен ориз, ДАНИВО ДООЕЛ води посебна грижа за заштитата од загадување, што претставува еден од основните услови за добивање еколошки здрави производи. ДАНИВО ДООЕЛ ги следи сите светски стандарди за квалитет.

Вкусенориз

ДАНИВО годишно дистрибуира околу 1.200.000 килограми бел ориз на домашен пазар и околу 3.000.000 килограми бел ориз на странските пазари. Компанијата е препознатлива на пазарите во Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Турција, Унгарија, Полска, Романија.

ДАНИВО ДООЕЛ секогаш на прво место го става квалитетот на својот вкусен ориз. Не прави никакви компромиси кога е во прашање производството на квалитетен и вкусен ориз.

ДАНИВО ДООЕЛ соработува со повеќе од 400 кооперанти од кочанскиот крај и со индивидуални земјоделци производители на ориз од Виница, Блатец, Велес и Неготино.

Покрај откупот, оваа фрима го извршува и превозот на оризовата арпа на индивидуалните земјоделци од нивните складишта до фабриката за ориз во Горни Подлог.

ДАНИВО ДООЕЛ е една од поуспешните и пореномираните фирми од Македонија. Преку континуирана посветеност на квалитет и висока професионалност, не е ни чудо што оваа компанија практично е поим за вкусен ориз


Галерија


Производи и услуги


Работно време

  • понеделник
    08:00-16:00h
  • вторник
    08:00-16:00h
  • среда
    08:00-16:00h
  • четврток
    08:00-16:00h
  • петок
    08:00-16:00h
  • сабота
    08:00-13:00h
  • недела
    /

Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.

Дали си човек? (Кликнете на стрелката и повлечете надесно)

Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.

Вашиот рејтинг:
Дали си човек? (Кликнете на стрелката и повлечете надесно)

Слични компании

GLASS KRISTAL 90 s.Ciflik-Zelino

Obrabotka na staklo Zelino

undefined undefined, 1226 Желино

РОЛЕТ2000

Изработка на ролетни и завеси.

СЛАТИНО, Теарце, 1200 Тетово

ВАН-ЕК ГРУП ДООЕЛ Скопје

Тобако Скопје Центар

Улица Горан Стефановски 10, 1000 Скопје

МС СОФА ЛАКШЕРИ ДООЕЛ Скопје

Изработка на тапациран мебел по мерка Скопје

Улица Христо Татарчев 17, 1000 Скопје

Modaai Group

Shirt production Macedonia

14-ТИ ЈУНИ бр.1, 2304 Македонска Каменица

ADRI ART ATELJE Prilep

Cvekjara so dostava Prilep

ПРИЛЕПСКИ БРАНИТЕЛИ бр.36, ПРИЛЕП, ПРИЛЕП, 7500 Прилеп