Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеНие сме мала домашна компанија која постои повеќе од 60 години и се занимава со производство на тестенини по рецептот на баба Ане. По истиот традиционален рецепт и вештите раце на целиот тим, Душогупчани ја продолжува традицијата и нуди широка палета на тестенини на своите потрошувачи.
Нашите вкусни тестенини се со уникатен вкус. Преку нашите вкусни тестенини вие ќе го почувствувате вкусот на традицијата и времето. Секое парче тестенина е изработено со најголема љубов и внимание кон најситниот детаљ.
Со седиште во Скопје, нашите производи се достапни низ цела Македонија. Исто така вршиме и извоз во европските земји како што се Шпанија и Италија.
ДУШОГУПЧАНИ 2 Скопје се грижи за квалитетот на своите производи и никогаш не правиме компромис кога станува збор за вкусот и квалитетот на нашите тестенини.
Тајна пренесена од колено на колено, во форма на традиционални тестенини, денес е достапна за Вас. Следејќи го тајниот семеен рецепт, ние можеме да кажеме дека Ви го нудиме најдоброто. ДУШОГУПЧАНИ 2 секогаш го нуди само најквалитетното, по најдобри цени.
Традиционални тестенини зачинети со љубов, вистинска македонска тарана, автентичен кадаиф се само дел од нашите производи. Нашиот широк асортиман се состои од 23 различни производи, секој уникатен на свој начин, но тоа што ги спојува е што сите се направени по традиционален домашен рецепт пренесуван од колено на колено.
Со седиште во Скопје, нашите јуфки, кадаиф, традиционални тестенини и останати производи се достапни низ цела Македонија. Освен што можете да ги најдете во маркети, исто така можете да нè контактирате и да направите нарачка.
Преку нашата дејност ние ја одржуваме културата и богатството на македонското кулинарство и преку нашите тестенини, живеат рецептите на старите мајстори.
Доколку сакате да ги пробате најдобрите традиционални тестенини, тогаш несомнено е дека ние сме вистинското место за Вас.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.