Дали имате прашање? Оставете прашање и ќе добиете одговор што е можно поскоро.
Испрати барањеТРГОИНЖЕНЕРИНГ МАРИН е докажана фирма на македонскиот пазар која со себе носи гаранција за квалитет. Оваа компанија, основана во далечната 1992 година во Скопје, е ексклузивен застапник на реномираниот германски бренд Berger-Seidle. Ние ви нудиме квалитетни паркети, лепаци и лакови.
Нашето седиште е во Скопје, а вршиме дистрибуција на паркети, лепаци и лакови од Berger-Seidle на територијата на цела Македонија.
Berger-Seidle е водечка компанија во областа на паркети, лепаци и лакови. Ние ги нудиме нивните висококвалитетни производи на македонскиот пазар.
Освен што сме екслузивен застапник на овој светски прочуен бренд, исто така се занимаваме и со монтажа на паркети и ламинат. Располагаме со свој стручен тим на висококвалификувани мајстори, штo ни овозможува професионален пристап кон работата со цел ефективно и ефикасно завршување на поставените работни задачи.
Без разлика дали барате лепаци и лакови, или потребен ви е доверлив изведувач кој ќе се погрижи за квалитетна монтажа на вашиот паркет, ТРГОИНЖЕНЕРИНГ МАРИН Скопје е вистинскиот избор за вас.
Доколку имате потреба од нашите услуги, контактирајте нè.
Пристапот кон работата се темели на професионалноста и понудата на квалитетна услуга, притоа користејќи најквалитетни материјали, лакови, и лепаци како и најмодерни машини за брза и квалитетна обработка на паркети. Ние сме компанија која контунуирано иновира и ги усовршува своите работни процеси.
Ние ви нудиме широк избор на најразлични паркети. Тие се карактеризираат со висок квалитете, функционалност и убава естетика. Кај нас можете да најдете:
Кога станува збор за лепаци и лакови, ние поаѓаме од водечкиот принцип на нашата филозофија - ,,Паркетот го сака најдоброто”. Ова се однесува не само на квалитетот на производот, туку и на различните производи. Со „Berger-Seidle“ ги добивате сите производи за поставување паркет од еден извор. Нашата програма ги вклучува сите видови на производи:
ТРГОИНЖЕНЕРИНГ МАРИН е компанија со долга традиција и врвен, докажен квалитет. Ние сме вашите партнери за сè поврзано со паркети.
Доколку сте заинтересирани за производите или услугите на оваа компанија, оставете коментар и ќе ви биде одговорено во најкраток можен рок. Прашањата ќе бидат објавени ЈАВНО на огласот на кој ги пишувате. Телефонскиот број и адресата на е-пошта не се задолжителни информации. Оваа информација нема да биде јавно објавена. Со поднесување на барање, се согласувате со деловните услови, политиката за приватност и обработката на вашите податоци.
Оценете ја компанијата и напишете го вашето мислење за соработката.