Гумите на Вашето
возило се задолжени да го ,,чекорат“ патот. Тие поминуваат низ асфалт, кал, по
планиски патишта, изложени се на временски промени и затоа е многу важно тие да
бидат во одлична состојба. Безбедни гуми значат безбедно возење, па затоа е од
круцијална важност да бидете сигурни дека Вашите пневматици се во одлична
состојба.
Во продолжение ќе зборуваме за совети за гумите, за нивно одржување и генерални совети кои ќе Ви помогнат да научите повеќе за самите пневматици.

Доколку
притисокот во Вашите гуми е слаб тоа може да донесе низа неповолности. Покрај
тоа што значително ќе ја зголеми потрошувачката на гориво, слабиот притисок
може да биде главен виновник зошто Вашиот автомобил не се движи брзо или пак,
зошто кочењето е поспоро. Затоа е многу важно да внимавате на притисокот на
гумите.
Кога ги пумапте
гумите, доколку не сте сигурни кој е точниот притисок, проверете ги точните
информации за притисокот во упаството на автомобилот. Информациите за
притисокот може да се најдат и на работната табла во делот за ракациви, од
внатрешната страна на вратата од возачката страна или пак на вентилот за
горива. Точниот притисок е од неизмерна важност за правилно функционирање на
гумите, а и со тоа важен е и за безбедноста.
Масните
растворувачи го гребат материјалот и наместо да ја исчистат гумата, тие само
можат да и наштетат. На тој начин, Вашите пневматици нема да бидат безбедни.
Затоа, кога се чистат гуми треба да се користат четки, рачен туш или специјални
уреди за чистење под висок притисок.
Кога се проверува
притисокот, препорачано е и да се провери шарата на гумата за можни знаци на
истрошеност или пак во случај да има нешто заглавено. Кога се зборува на оваа
тема, убаво е да знаете дека предните гуми не абат исто толку како и оние гуми
на задните тркала.
Во случај да
приметите дека возилото влече на една страна или пак чувствувате тресење кога
го држите воланот, тогаш знаете дека Вашите гуми не се во добра состојба.
Нерамномерното абење често е показател на тоа дека треба да ги центрирате и/или
оптички прилагодите Вашите тркала.
Најдобро е да ги
смените Вашите гуми после 6 години. Истото важи и за резервното тркало –
доколку тоа Ви седело во багажник 6 години, време а да земете ново резервно
тркало. Покрај тоа што континуираното возење и трошење на гумите, пневматиците
исто така стареат и кога не се употребуваат.
Гумите треба да
се чуваат во ладен, сув и темен простор. На местото каде ќе се решите да ги
чувате Вашите гуми, морате да бидете сигурни дека тоа е место каде гумите не
можат да дојдат во контакт со бензин или масло – задолжително треба да се држат
гумите подалеку од бензин и масло. Идеална положба на гумите е тие да бидат
вертикално подигнати на полица најмалку 10 цм од подот. Исто така, за да се
избегне оштетување, тие треба да се ротираат еднаш во месецот.
Можеби ќе чуете
како некој вели дека доколку живеете во место каде нема снег, дека нема потреба
од зимски губи, но тоа е лага. Зимските гуми значително ја зголемуваат безбедноста
при ниски температури во зимски услови. Ако се користат летни гуми во зима, тие
ќе ја изгубат својата еластичност, односно ќе станат многу тврди поради ниската
температура. На тој начин, ќе настанат вистински проблеми при кочењето.
На нашиот портал собравме широка селекција на дистрибутери и продавачи на гуми, како и авто сервиси и авто механичари. Пронајдете го тоа што Ви треба.
Видете повеќе