Купувањето на
возило е значајна инвестиција. Поради исплатиловоста, луѓето често се решаваат
за купување на половно возило, па во овој текст ќе ги нагласиме работите на кои
треба да внимавате пред да купите половно возило. Возилото кое ќе го купите
треба да ве служуи долго и да биде подготвено да остане во добра состојба низа
години. Затоа е важно да ги отворите двете очи кога купувате половно возило,
затоа што доколку не сте внимателни, можете лесно да пропуштите одредени знаци
за (не)квалитет и да испадне дека залудно сте потрошиле
пари за возило кое не ги задоволува вашите потреби и критериуми.

Пред сè, треба да
бидете сигурни дека половното возило кое сакате да го купите дека не е
украдено. Дека го купувате на легален начин, дека сите документи се во ред и
дека возилото не е неколку години постаро отколку што пишува во официјалната
документација.
Внимавајте на
каросеријата – доколку продавачот ви тврди дека возилото не претпрело тешка
сообраќајна незгода, но забележувате траги, гребнатини или подуени делови на
каросеријата, тогаш консултирајте се со доверлив автомеханичар и уверете се
дали навистина автомобилот бил во сообраќајна несреќа или не.
Исто така треба
да бидете сигурни да не купите возило за кое претходниот сопственик не се
грижел многу. Внимавајте да не купите возило кое не проаѓало на редовна
проверка, кое ретко било чистено, било возено толку многу што веќе му е
,,извадена маста“.

Кога купуваме
било каков производ, важно е да ги знаеме главните информации за неговиот
квалитетот и вредноста – како потрошувачи кои ги ценат своите пари, сакаме да
бидеме уверени во трајноста и исправноста на тоа што го купуваме. Кај возилата,
основна информација за горенаведеното се изминтите километри. Некои истражувања
покажуваат дека километражата се враќа на речиси секој трет користен автомобил,
па затоа човек треба да биде внимателен.
Често, знаци кои
можат да укажат на километражата на автомобилот и на неговата истрошеност се:

За да ги
забележите неправилносисте (доколку постојат) најубаво е да се договорите со
продавачот автомобилот да го видите преку ден. Доколку сметате дека самите не
сте доволно стручни да забележите некои неправилности, тогаш обратете се кај
доверлив автолимар или автомеханичар.

Бидете сигурни да
дознаете што повеќе за историјата на возилото. Не срамете се да прашувате,
затоа што сепак станува збор за значајна инвестиција, а продавачите на половни
автомобили не се секогаш целосно транспарентни и не ви ги кажуваат сите
потребни информации уште од почеток. Прашајте колку претходни сопственици имало
возилото, како и дали е тоа користено за приватни или службени потреби.

За да не си
нанесете дополнителни главоболки откако ќе го купите возилото, бидете сигурни
дека пред купување, уредно се средени сите документи и дека документацијата е
валидна, исправна и уредна.

Доколку ви е
важно вашето возило да има доволно место за вашите патници и да има доволно
место за складирање на товар, тогаш оваа информација е од круцијална важност да
ја дознаете уште во првите интеракции со купувачот.
На нашиот портал можете да најдете голем избор на салони и авто плацови кои нудат секаква селекција на разноразни возила. Без разлика дали сте во потрага по ПМВ или ТМВ на нашиот портал ќе го пронајдете тоа што ви треба.
Продажба на возила