Доколку сте се решиле да изградите нова куќа Вие веќе сте направиле голем чекор. Но иако веќе имате плац и дозвола за градење за каков тип на градба да се одлучите. Во Вашето истражување се сретнавте со поимот клуч на рака. Но што поточно значи тоа? Во овој текст ќе објасниме за што станува збор.

Изградбата на
куќи, како и многу други работи кои одземаат време, бараат детално и темелно
планирање и кои користат голем буџет, се одвива во фази. Бидејќи зборуваме за
изградба на куќа, ќе се задржиме само за фазите на изградба на куќа.
I фаза – пред да
можете да започнете со самата градба, треба уредно да ја средите целата
документица. По завршување на тој процес, ќе добиете Одобрение за градба и
проект за изведба. Кога ќе завршите со администравнита работа, следува процесот
на изградба. Оваа фаза се карактеризира со подготвителни активности на
градилиште (ископ, поставување градежни огради, поставување табли, отстранување
на камења, дрвја или останата вегетација, скалирање...).Оваа фаза завршува со изградба
на темелите.
II фаза - оваа фаза е тесно поврзано со наредната III
фаза, па затоа за овие фази ќе
зборуваме во исто време. После завршувањто со подготвителни работи и со
поставувањето на темелите, во оваа фаза се вршат следниве дејности:
·
Изградба
на подови
·
Подгигање
на поткровје
·
Подигање
на покривна конструкција
·
Лиење
на подрумска плоча
Завршувањето на
градежните работи околу кровот се случуваат во третата фаза. Околу 40% од трошоците
поврзани со изградба на куќа се случуваат токму во овие две фази.
IV и V фаза се завршни фази на изградбата. За
овие две фази да бидат изведени како што треба и да резултираат со цврста,
квалитетна и убава куќа, важно е работите направени во претходните фази да
бидат изведени одлично.
Во завршната фаза
се средуваат сите инсталации (инсталации за струја, водоводна инсталација
исл.), тука се поставува фасадата, се градат ѕидовите, се врши малтерисување и
други активности кои треба да го донесат финалниот ,,touch“.
Најголем дел од трошоците за изградба се токму овие две фази. Доколку треба да дадеме некоја груба бројка, би кажале дека околу 50% од трошоците се во четвртата и петтата фаза.

Клаузулата „клуч
на рака“ е посебно дефинирана во Законот за облигациони односи и истата значи
дека изведувачот самостојно се обврзува да ги изврши збирно сите работи
потребни за изградба и употреба на определен целосен објект. Односно, принципот
клуч на рака подразбира комплетна изведба и изградба на објекот од страна на
изведувачот, од првата до последната – петта фаза; од подигање на темел до вршење
на завршни градежни работи.
Работа која е
важна да се помене во овој принцип на изградба е тоа што договорите кои ја содржат
клаузулата „клуч на рака“ се карактеризираат со тоа што изведувачот се обврзува
да ги изведе сите работи до добивање на употребна дозвола и конечно предавање
на изградениот објект до висина на сума на договорената цена. Изведувачот нема
право да бара зголемување или промена на цената, и покрај тоа да се појават
непредвидени работи кои тој треба да ги изведе.
Доколку немате
време, енергија или желба да се занимавате со целосниот обем на изградбата,
тогаш овој принцип е идеалното решение за Вас. Ваша задача ќе биде само пред
почетокот на проектот детално да ги изјасните Вашите желби, а за останатото ќе
се погрижи изведувачот.
Доколку барате изведувач, Вие сте на вистинското место. Ние Ви нудиме широк избор на компании кои вршат изградба по принципот ,,клуч на рака“.
Изведувачи