Превенции против мувла и начини за отстранување на мувлата


ShareTipAndTrick
Како да се заштиите од мувла - методи, совети и практики. Прочитајте повеќе подолу.

Влагата е универзално еден од најиритантните и најнесаканите појави. Како вистински ,,бељаџија“, влагата не гледа многу дали просторијата во која ќе се појави е дел од луксузна вила или од обичен стан, таа може да се појави секаде. Со влагата, заедно доаѓа и мувалта. Мувлата е ,,љубител“ на влажна и ладна средина и доколку пронајде таква средина таа ќе си остане таму, без разлика што тоа може да го загрози вашето здравје и да ја уништи естетиката на вашиот дом или канцеларија.


Како да препознаете дека влагата е присутна во вашиот дом или канцеларија?

Дека во една просторија има влага може да се забележи ако се примети промената на бојата на малтерот. Темните дамки на ѕидот значат дека во ѕидот има влага. Исто така, друг индикатор дека имате влага во вашата просторија е мирисот. Доколку почуствувате непријатен мирис на мувла, тогаш знаете дека влагата веќе навлегла. Овој мирис е доста специфичен и непријатен па кога ќе го мириснете, веднаш ќе знаете за каква неволја станува збор.

Подигањето на тапети, лупењето на бојата на гипсот се исто така знаци дека влагата е присутна во вашите простории. Исто така внимавајте на тоа какви прозорци имате. Доколку вашите прозорци се карактеризираат со прекумерна кондензација, треба да знаете дека влагата може да дојде и на тој начин.

Превенции против мувла

  •  За да се заштитите од непосакуваните последици на влагата, бидете осигурани дека вашиот објект има добра топлинска изолација.  Квалитетната топлинска изолација на објекот многу помага при заштита од влага.
  •   Користете специјални бои против мувла кога ги боите ѕидовите во вашата бања и кујната, односно во местата каде што нема плочки или има многу испарување. Ѕидовите кои се намачкани со акрилната-латекс боја се поотпорни на мувла.
  • Оставете простор помеѓу мебелот и ѕидот. Експретите тврдат дека треба да имам минимум 10цм простор помеѓу ѕидот и парчето мебел – на тој начин ќе има циркулација на воздухот и нема да се создаде мувла.
  •  Проветрување – проветрувањето на собата е еден од најдобрите и најлесните методи за преценција на влага и мувла.
  • Набавете домашни растенија - растенија можат да помогнат во отстранување на преостанатите хемикалии, вклучувајќи формалдехид, боја и бензен (нус-производ на детергентите).


Како да се ослободите од мувлата?

Но доколки во вашиот дом или канцелариски простор има мувла, советите за преценција нема да ви помогнат многу, па што можете да направите доколку се појави мувла? Има неколку чекори кои можат да се преземат со цел да се унижти мувлата трајно:

·        Специјален спреј против мувла – исчистете го мувлосаниот простор со специјално средство против мувла. Секако, при користење на ова средство треба да биде внимателни, да не го вдишувате и да го држите понастрана од детски дофат. Постојат различни спрееви на пазарот, тие варираат според цена, квалитет, јачина на мирис и останати карактеристики. Бидете внимателни кога купувате спреј затоа што оној спреј кој не е доволно добар и кој не ја чисти мувлата целосно, не е доволно добро решение затоа што по некое време мувлата може повторно да се врати.

·        Поставете апсорбер – апсорберите ја регулираат влажноста на воздухот. Со ова ќе се избегне проблемот со влагата. Постојат повеќе видови апсорбери на пазарот, па вие одберете го оној кој сметате дека е вистинскиот за вас.


Квалитетната фасада и добрите молерајски услуги можат значително да го намалат количеството на влага.

Одберете ги најдобрите изведувачи на завршни градежни дејности - од изработка и монтажа на фасади до молерофарбарски услуги.

Откријте повеќе

Прашајте експерт

Прашање за совет и трик
Дали си човек? (Кликнете на стрелката и повлечете надесно)