Акупунктурата е стара дисциплина која корењата за своето потекло ги влече уште од древните времиња во Кина. Акупунктура е постапка на вметнување и манипулирање на игли во различни точки од телото за ослободување од болка, односно за постигнување на терапевтски цели. Акупунктурата потекнува од латинските зборови: acus (игла) и pungera (убод), а акупунктурологија е наука за акупунктурата. Акупунктурата е метода, која во 1979 година е признаена и од Светската Здравствена Организација (СЗО), а се изведува со поставување игли во акупунктурните точки, распоредени долж минувањето на 12 главни меридијани.

Акупунктурата
носи низа придобивки. Таа може да му помогне на човекот на различни начини.
Многу луѓе се решаваат да одат на ваков третман, без разлика што немаат никакви
болки, туку затоа што акупунктурата може да ја зголеми енергијата. Таа исто
така помага на луѓе кои страдаат од болки во грбот и зглобовите, а се смета
дека овој третман е одличен и за намалување на стресот.
Други бенефити
кои ги носи акупунктурата се: подорен вид, подобрен сон, намалување на
главоболка, како и намалување на дигестивните проблеми. Исто така,
акупунктурата може да им помогне на тие го имаат проблеми со алергии.
Една од главните предности на акупунктурата е тоа што таа делува по природен пат, без внесување на никакви средства или медикаменти во организмот.

Акупунктурата е
уникатна во начинот на како го третира пациентот. Акупунктурата го зема човекот
во целост, односно при овој вид на третман, се поаѓа од тоа дека ниту едно
заболување не е изолирано и секогаш со него доаѓаат низа други придружни
симптоми.
Кога се применува
овој третман, пациентот може да има лесна болка во вид на штипкање, или
електрични сензации од неколку секунди по поставувањето на иглите. Кога иглите
ќе се постават, болката и непријатните сензации исчезнуваат. Обично иглите
остануват во кожата на телото од 15 до 30 минути. Иглите за акупунктура се
направени од нерѓосувачки челик и дополнителни легури, кои ја подобруваат
еластичноста и флексибилноста за време на инјектирањето. Акупунктурните игли се
многу потенки од иглите што нормално се користат во болниците.
На нашиот портал се собрани најдобрите салони за масажа. Разгледајте ги опциите и направете го вистинскиот избор.
Пронајдете