Дали сметате дека на Вашата насмевка и недостасува некој сјај или пак Вашите заби се карактеризираат со жолтеникава боја. Во таков случај, белењето на заби е вистинското решение за Вас. Но што точно е белење на заби? За каква процедура станува збор, колку трае и што можете да очекувате од неа?
Како што човекот старее, така бојата на заби може да добие жолтеникава боја и да се појават флеки. Храната која ја внесуваме, како и пијалоците, особено кафето, чајот и црвеното вино се главните причини за настанувањето на оваа појава. Како други виновци за губењето на белата боја на забите се јавуваат цигарите, производите од тутун и некои лекови. Белењето на заби е третман кој ќе ја врати белата боја на Вашите заби. Оваа процедура е една од најпопуларните процедури во естетската стоматологија.
Белењето на заби може да биде направено од стручно професионално лице, односно стоматолог или да го направите дома со употреба на гелови. Првиот тим на белење на заби е познат и како ординациско белење на заби.

Доколку се одлучите за ординациско белење на стоматолог, прво треба да се консултирата со Вашиот стоматолог за да ги откриете причините за промената на бојата на Вашите заби. Потоа, стоматологот ќе нанесе заштитен гел или гумен штит за да ги заштити Вашите непца. Последниот чекор од оваа процедура е нанесување на специјален гел од страна на стоматологот.

Генерално, сите пасти на пазарот се направени да ги отсранат површинските дамки на Вашите заби. Пастите во себе содржат благи абразивни средства кои ги чистат Вашите заби и ги отстрануваат површинските дамки. Постојат и специјални пасти намеенти за белење на забите. Овој вид на пасти се карактеризира со тоа што тие содржат средства за полирање. Но треба да се има во предвид дека овие пасти не ја менуваат бојата на забите. Кога се купува ваков вид на паста, важно е да внимавате пастата да има печат на прифаќање на ADA.
Исто така, за домашно белење на забите се употребуваат специјални гелови и специјално направени лажици за избелување. За да се постигне вистински побел ефект со овој метод, потребна е поголема упорност и почеста примена на овој систем неколку дена по ред.

Белењето на заби зависи од индивидуата. Обично траат до една година, а ефектот на белење заби може да трае и подолго. За како да го максимизирате времетраењето на ревитализираната бела боја, консултирајте се со Вашиот стоматолог.
Да, белењето на заби е безбедно. Од оваа процедура нема да се јават никакви штетни ефекти. Но доколку сакате да бидете сигурни, темелно дискутирајте со Вашиот стоматолог.
На нашиот портал се собрани најдобрите стоматолози во Македонија. Разгледајте ги според град и локации, одберете го најдобриот и контактирајте го вистинскиот стоматолог според Вашите критериуми.
Најдете стоматолог