Совети за орална хигиена


ShareTipAndTrick
Добрата орална хигиена не само што помага во спречување на заболувања на забите и непцата, туку и го подобрува целокупното здравје и самодоверба

Оралната хигиена е клучен аспект на целокупното здравје и вклучува практики за одржување на чистота и здравје на устата, забите и непцата. Добрата орална хигиена не само што помага во спречување на заболувања на забите и непцата, туку и го подобрува целокупното здравје и самодоверба.

Здравите заби освен што значат убава насмевка се круцијални и за здраво живеење, затоа тие не треба да бидат запоставени и треба да им се обрне посебна нега и грижа. 


Бенефити од добра орална хигиена

  • Спречување на кариес и заболувања на непцата
  • Свеж здив 
  • Бела и блескава насмевка
  • Заштита на забите и непцата
  • Намалување на ризикот од рак на устата
  • Зачувување на природните заби
  • Спречување на орални инфекции


Основни елементи на орална хигиена

  • Четкање на забите: Треба да се четкаат забите најмалку два пати на ден, наутро и пред спиење, со користење на паста за заби која содржи флуор.
  • Користење на забен конец: Користењето на забен конец еднаш на ден помага во отстранување на наслагите и остатоците од храна меѓу забите.
  • Чистете го јазикот: На јазикот се собираат бактерии кои можат да придонесат кон непријатен мирис на здивот. Затоа набавете специјална четка која на задниот дел има дел за чистење на јазикот.
  • Редовни посети на стоматолог: Посетувањето на стоматолог најмалку два пати годишно за прегледи и професионално чистење на забите е клучно за одржување на добро орално здравје.
  • Здрава исхрана: Намалување на внесот на шеќери и киселини во исхраната помага во спречување на кариесот и други орални проблеми.

Грижата за забите, непцата и јазикот е исклучително важна, не само поради одржување на блескавата насмевка, туку и поради целокупната здравствена состојба. Здравите заби се неверојатно скапоцен благослов, па затоа треба да обрнеме посебно внимание на нивното здравје и состојба. Сите сме запознаени со изреката: ,,Подобро да се спречи, отколку да се лечи“, па доколку почуствувате било каква болка во забите, веднаш отидете кај Вашиот стоматолог - што порано, тоа подборо. За да не настане ситуација каде Вие предоцна откривате за проблем со Вашите заби, токму затоа толку е важно да се вршат редовни посети кај стоматолог. 

Дополнителни совети за орална хигиена

Покрај основните елементи, постојат и други практики кои можат да помогнат во одржување на добра орална хигиена:

  • Користење на четка за заби со меки влакна: Ова помага во избегнување на оштетување на непцата и емајлот на забите.
  • Заменување на четката за заби: Четката за заби треба да се менува на секои три до четири месеци или порано ако влакната се излитени.
  • Избегнување на пушење и прекумерна консумација на алкохол: Овие навики можат да го зголемат ризикот од заболувања на устата и забите.
  • Пиење вода: Водата помага во отстранување на остатоците од храна и одржување на хидратацијата на устата.

Барате стоматолог?

На нашиот портал се собрани најдобрите стоматолози во Македонија. Разгледајте ги според град и локации, одберете го најдобриот и контактирајте го вистинскиот стоматолог според Вашите критериуми.

Најдете стоматолог

Прашајте експерт

Прашање за совет и трик
Дали си човек? (Кликнете на стрелката и повлечете надесно)