Дознајте повеќе за киропрактика


ShareTipAndTrick
Што е киропрактика, за што помага и што точно прави еден киропрактичар. Дознајте повеќе за овој вид на третмани повеќе во денешниот текст.

Дали во последно време чувствувате некоја напнатост во вратот или пак можеби веќе некое време имате болки во грбот? Можеби чувствувате како на вашиот грб му е потребен тотален ,,ресет“. Во таков случај, потребно e да посетите киропрактичар. А што точно е киропрактичар и што се подразбира под киропрактика ќе објасниме во овој текст.


Што е киропрактика?

Доктор по кирипрактика е квалификувано стручно лице кое со манипулација или ротација на рбетен столб ги доведува зглобовите во оптимална положба и на тој начин ги отстранува болките и механичките пречки.  Освен проблеми со вратот и грбот, со киропрактика може да помогне и при главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, трнење на рацете и нозе, тешко дишење и многу друго.


Кратка историја на киропрактиката

Терминот киропрактика доаѓа од грчкиот збор cheir што значи „рака“ и prattein што значи „третман“.  Во 1895 година д-р Дејвид Палмер го воспоставил принципот во однос на медицинската наука за киропрактика. Првиот пациент на д-р Палмер бил Харви Лилард – хигиеничар кој имал оштетен слух. Д-р Дејвид Палмер на него го извел првиот киропрактичарски третман што резултирало со целосно враќање на слухот на г-дин Лилард.

Киропрактиката денес

Денес, киропрактиката е категоризирана како комплементарна и алтернативна медицина која се фокусира на манипулација на мускулно-скелетниот систем, особено на ‘рбетот. Најпопукларна станува во САД и Канада, а полека нејзината популарност се шири и на стариот континтент. Киропрактиката е призната низ светот во 70 земји како формална медицинска пракса. Многу киропрактичари и стручни лица сметаат дека постојат ситуации како киропрактиката може да замени хируршка интервенција на ‘рбетен столб.


Третман

Со киропрактиката се коригираат деформирани 'рбетни региони со помош на рацете или со користење опрема.  Во случај ’рбетот да е деформиран, или пак искрвирен, ’рбетните нерви се потиснуваат и резултира со различно несоодветно функционирање на органите. Преку киропрактика се врши корекција на ’рбетот, а киропрактиката исто така помага и со корекција на нервниот систем, со што органите можат непречно да ја вршат својата функција, а пациентот повеќе нема да ги чувствува болките во грбот, вратот исл.

Според „National Center for Complementary and Integrative Health“ некои лица со болки во долниот дел на грбот имаат корист од посетата на киропрактичар. Односно, тие сметаат дека нивниот третман кај киропрактичат бил многу позадоволителен и поефективен отколку третман кај нивниот матичен лекар.

Покрај болка во долниот дел од вратот, уште една честа причина поради која луѓе посетуваат киропрактичар е болка во вратот. Овој вид на болка, киропрактичарите го третираат со помош на спинална манипулација. Доколку имате хроночини болки во вратот кои НЕ се должат на повреда, тогаш посетата на киропрактичар може да ви помогне многу.

Освен што киропрактиката е одличен третман за  проблеми со желудникот, подуеност, гасови и болки во стомакот, болни јајчници, болки во коленото, мигрени, киропрактиката е исто така погодна и за луѓето кои немаат никакви проблеми, односно за тие кое се целосно здрави.

Погоре споменавме мигрена, и сега можеби се прашувате како киропрактиката може да помогне со намалување на главоболки. Киропрактичните манипулации со ‘рбетот можат да ја намалат фреквенцијата на мигрена, да ја намалат болката и да ја намалат потребата за лекови за мигрена. Како точно се случува ова не е познато, но постојат повеќе хипотези за причината. Некои експерти сметаат дека бидејќи киропрактиката го намалува целокупниот стрес, со тоа се намалува и мигрената.

Киропрактиката носи низа поволности. Не само што ви помага да бидете поздрави, туку може да ви помогнете целосно да раскрстите со болката, да заборавите на мигрените и да живеете повторно со полна енергија. Многу луѓе го имаат искажано своето задоволсто од киропрактика и како тој третман им помогнал да не ја чувствуваат болката што ги мачела со денови, месеци, па дури и години.

Многу е важно да одберете стручен и докажан киропарктичар. Знаењето, стручноста и вештините на киропрактичарите е од исклучителна важност за исходот од применетата манипулација. Затоа разгледајте ги најдобрите киропрактичари на нашиот портал.


Потребен Ви е киропрактичар?

На нашиот портал се собрани даватели на услуги поврзани со киропрактика и физикална терапија.

Пронајдете киропрактичар

Прашајте експерт

Прашање за совет и трик
Дали си човек? (Кликнете на стрелката и повлечете надесно)