Одговорностите на еден сметководител


ShareTipAndTrick
Кои се разликите помеѓу врвен сметководител и просечен сметководител? Што да очекувате од Вашиот сметководител и колку е важно квалитетното сметководство за успехот на една компанија?

Што е сметководител?

Сметководител ја прегледува и анализира финансиската евиденција, води евиденција за приходите, расходите и даночните обврски на компанијата или поединецот. Основата на секој сметководител треба да се темели врз националните сметководствени стандарди (US GAAP, General Accepted Accounting Principles), меѓународните сметководствени стандарди (IAS-International Accounting Standards) и друго.


Одговорностите на сметководителот

Доброто сметководство е круцијален дел од водењето на еден бизнис. Замислете си мала, семејна компанија, со само неколку вработени, мал број на добавувачи и без многу обврски и побарувања. Во таква ситуација, често директорот е задолжен за вршење на основното сметководство и книговодство, но како што расте компанијата, како се зголемуваат побарувањата, обврските, се проширува бројот на вработени и соработници, тогаш станува сè потешко и потешко неискусен сметководител успешно да ги води сметките на компанијата.

Покрај тоа што еден сметководител е задолжен да ги води сметките на компанијата уредно, педантно и според законските рамки и регултави, сметководителот има и низа други одговорности.

Сметководителот е одговорен да ги одржува книгите на компанијата на месечна основа. Тој е должен тие да бидат точно пресметани, евидентирани и документирани во согласност со регулативите и правилата. Сметковидетолот е човекот кој е одговорен да се осигура дека месечните, двомесечните и годишните законски барања се исполнети. Доколку тие барања не се исполнети пред крајните рокови, за компанијата ќе следуваат казни и камати. Токму затоа е толку важно да се има доверлив сметководител. Сметководителот треба да биде не само човек кој работи за компанијата, туку на одреден начин да биде дел од компанијата. Прокативниот сметководител кој е константно ,,буден“ и свесен за законските регулативи, трендот на пазарот и состојбата на самата компанија е исклучително значаен ресурс кој може значително да придонесе кон успех на компанијата. Добриот сметководител констано ќе Ве држи ,,in the loop“. Доколку настанат било какви промени осовено во однос на ДДВ и данок, квалитетниот сметководител ќе се погрижи неговиот надреден навремено да биде запознаен со тие промени.

Покрај овие задачи, сметководителот е одговорен правилно да биде регистрирана Вашата компанија. Исто така, доколку бизнисот кој го водите, за да можете да го водите непречно и според законските регулативи, сметководителот е должен да Ве регистрира на вистинските места, со што Вашата компанија ќе ги добие потребните лиценци.


Што да очекувате од Вашиот сметководител и кои се карактеристики на добро сметководство?

Соработката со сметководителот треба да претставува долготрајно партнерство. Најдобрите сметководителите се посветуваат максимално на бизнисот на своите клиенти и тие се поситоветуваат со нивната пасија. Покрај тоа што сметководителот се грижи за приходите, расходите и за книговодството, квалитетниот сметководител, оној кој Ви е вистински партнер, ќе Ви помогне да го подигнете Вашиот бизнис на ново ниво и ќе Ви помогне да остварите подобри финансиски резултати.

Сметководител е лице кое ги знае финансиските аспекти на бизнисот на клиентот, законодавството, правилата и прописите поврзани со бизнисот. Експертизата која ја поседува сметководителот е јак адут во ,,финансискиот арсенал" на една компанија. Искуството и знаењето на сметководителот не смеат да се потценат кога станува збор за консултантската улога на сметководителот.


Луѓето кои се прочуени во светот на сметководството и се докажани како квалитетни и доверливи сметководители поседуваат исклучителни аналитчки вештини. Под ова подразбириме создавање логични заклучови, тестирање на тие заклучоци и потврдување на истите. Аналитиката во светот на сметководството и финансиите практично и да има бесценето значење.

Проактивност е уште една карактеристика која се издовјува како значајна особина за еден сметководител. Како што споменавме и погоре, најдобрите сметководителите континуирано држат ,,будно око“ на состојбата на пазарот, на законите, на конкуренцијата и сл. Искусен и посветен сметководител преку својата проактивност може да спречи проблеми уште пред тие да се појават или пак да открие нови шанси и можности. Проактивноста е една од најзначајните одлики на сметководител. Понекогаш, сметководителите кои си ја познаваат работата и имаа развиена проактивност, можат да преземат активности и консултации, без клиентот да го побара тоа. 


Потребен Ви е сметководител?

На нашиот портал на едно место ги собравме најдобрите сметководители, сметководствени друштва и бироа. Разгледајте ги Вашите опции и одберете ја најдобрата.

Пронајдете сметководител

Прашајте експерт

Прашање за совет и трик
Дали си човек? (Кликнете на стрелката и повлечете надесно)