Која е историјата на јогата? Што таа претставува и какви поволности може да донесе јогата на вашето целокупно расположение, ментално и физичко здравје?
Јогата е древна пракса која потекнува од Индија и вклучува
физички вежби, медитација и техники за дишење за подобрување на менталното и
физичкото здравје. Оваа практика е популарна ширум светот и се практикува од
луѓе од сите возрасти и физички способности.
Јогата е стара
над 5000 години и таа тежнее кон тоа да ги обедини духот и телото, нанесувајќи
му на човекот кој ја практикува, потполен мир и целосно сфаќање и прифаќање на
сопственото битие. Јогата е перфектен бленд од вежби за психата и за телото.
Патанџали и
неговата класификација на јогата

Патанџали е духовен учител кој прв го симнал знаењето за
јогата во духовното дело Јога Сутра. Во некои традиции, Патанџали се смета за
„самороден – просветлена душа која решила да живее како човек со намера да
сподели знаење што ќе му користи на целото човештво. Овој голем мудрец ја
класифицирал јогата во осум гранки:
- Yama – морални, етички и спиритуални патокази,
- Niyama – етички правила на однесување кон самите себе,
- Asana – физичка манифестација на јогата,
- Pranajama – регулирање на здивот
- Pratyahara – повлекување на умот од сетилните објекти
- Dharana – строга концентрација на одреден објект.
- Dhyana – целта е запирање на флуктуациите на умот
- Samadhi – состојба во
која флуктуациите се целосно запрени и доаѓа до обединување на свеста со
предметот на медитација
Физички поволности
од јогата
Јогата влијае на
позитивен начин како и на умот, така и на телото. Дел од поволностите кои
можете да ги почуствувате од активно практикување на јога се:
- Подобрување на имунитеот
- Подобрување на
варењето на храната
- Зголемување на флексибилноста, рамнотежата и силата
- Подобрување на
спиењето
- Зголемен
капацитет на белите дробови
- Подобрување на држењето
- Психички
поволности од јогата

Јогата може да ви
помогне и со:
- Намалување на
стресот
- Емоционална
стабилност
- Зголемување на
концентрацијата
- Ревитализација на
умот
- Добивање на нова
енергија, на нов елан
- Зголемување на
самодовербата

Основни елементи
на јога
Основните
елементи на јога праксата вклучуваат:
- Асани (пози):
Физички позиции кои ги истегнуваат и зајакнуваат мускулите.
- Пранајама (техники
за дишење): Контролирано дишење кое помага во смирување на умот и телото.
- Медитација:
Техника за фокусирање на умот и намалување на стресот.
- Савасана
(релаксација): Поза на целосна релаксација на крајот од практиката.
Одржување и
безбедност при јога
Како и секоја
физичка активност, важно е да се внимава на безбедноста при практикување на
јога:
- Слушајте го
своето тело: Не претерувајте со пози кои се премногу напорни за вас.
- Загревање: Пред
да започнете со јога сесија, направете лесни вежби за загревање.
- Користење на
реквизити: Користете јога ремени и перничиња за поддршка и правилно
изведување на пози.
- Практикување со
инструктор: За почетници, препорачливо е да започнат со водени сесии од страна
на инструктор.

Јогата е
комплетна пракса која ги интегрира умот, телото и духот. Со редовно
практикување, јогата може значително да го подобри вашето физичко и ментално
здравје, да ја зголеми вашата флексибилност, сила и да ја намали анксиозноста и
стресот. Без разлика дали сте почетник или искусни, јогата нуди бескрајни
можности за личен развој и благосостојба.
Подготвени да започнете со јога?
Никогаш не е предоцна да започнете со јога. Внесете мир во вашата душа и поврзете ги вашиот ум и тело.
Најдете јога центар