Македонија е прекрасна земја, полна со природни богатства, планински пејсажи, жуборливи реки, природни и вештачки езера и разновидна флора и фауна. Иако нашата земја е мала, таа изобилува со преубави места, со локации кои наликуваат на мало парче рај на земјата. Покрај познатите туристички места во Македонија, како што е градот со најстарото езеро во Европа – Охрид, главниот град Скопје, Мегалитската опсерваторија Кокино, Маврово, нашата земја крие еден куп богатства. Денес ќе зборуваме за некои од нив, со цел да ги истакнеме скриените или потценетите убавини на нашата татковина.
Кактусите се многу несекојдневно растение за нашето подневје. Но во југоисточниот дел, над селото Клисура, се протега долината на кактусите. Пејсажите потсетуваат на сцена од некој вестерн. Главни ,,виновци’’ за прекрасното зеленило кое потекнува од кактусите се птиците преселници кои ги донеле семињата од некаде далеку, тука во нашата топла земја. Долина на кактусите е прекрасно место за сите оние кои уживаат да го поминат времето во природа.

Над селото Камењане, во шарпланинската Камењанска Река, се наоѓаат осум водопади кои го земаат здивот на секој кој поминува крај нив. Станува збор за поголеми водопади кои се високи од 3 до 13 метри, а покрај овие волшебни водопади има и неколку помали водопади кои скалесто се редат еден на друг. Секој водопад со себе носи некоја посебна убавина и ве прави да се чувствувате како да сте во некој свет од бајка, каде природата и сите нејзини жители се во потполна хармонија. Пред првиот водопад ќе најдете стара воденица – спомен од минатото кога селаните ја користеле таа воденица за мелење на житото. Прекрасни скриени местенца, божествени глетки и низа дрвени мостчиња се само дел од работите кои можете да ги очекувате тука.

Лесново е едно од најстарите села во Македонија. Сместено на околу 13 км источно од Пробиштип, низ ова село поминува Лесновска Река, а покрај природната убавина, пештерите и уникатните пејсажи, ова село е и полно со историја. Во Лесново било едно од првите училишта во Македонија, а самиот релјеф на селото исто така носи со себе возбудлива приказна. Лесново лежи во јасно изразен и сочуван фосилен вулкански кратер. Најкарактеристично за ова историско село се пештерите кои се воедно и најпознатите геоприродни обележја на овој регион. Но секако не можеме да зборуваме за Лесново, а дас не го споменеме Манастирот Свети Гаврил Лесновски. Во овој манастри ќе го најдете резбаниот иконостас изработен од Петре Филиповски – Гарката.

Долж реката Радика, близу патот Маврово – Дебар се наоѓа мијачкото село Јанче. Селото првпат се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467 година, кога имало само 1 христијанско семејство. Вистинското руво на Јанче можете да го почуствувате доколку го посетите ова село во пролет или лето. Зеленилото и прекрасната природа ќе ви послужат како портал кон еден друг свет, свет далеку од брзиот градски живот полн со метежи и динимачинен живот. Наместо тоа, ќе уживате во моменти полни со релаксација и природна убавина. Кога сте во Јанче можете да направите hiking по патеките до Галичник и Св. Јован Бигорски, да ги посетите водопадите Дуф и мостот Еленски скок во Тресонче.

На нашиот портал се собрани голем број туристички агенции - разгледајте ги нивните понуди и одлучете се за најдобрата опција.
Подгответе се за патување